Болсонаро планира да се врати во Бразил во март


 

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро изјави дека планира да се врати во земјата во март, откако помина повеќе од еден месец во САД каде што отиде по неговиот изборен пораз, објави весникот Волстрит журнал.

Болсонаро во интервју за весникот рече дека ќе се врати во Бразил за да ја предводи политичката опозиција на претседателот Луис Инасио Лула да Силва и се бранеше од обвинувањата дека тој поттикнал насилни протести против изборните резултати минатиот месец.

Поранешниот бразилски претседател отпатува за Флорида два дена пред неговиот наследник Лула да положи заклетва на 1 јануари, а подоцна поднесе барање за шестмесечна туристичка виза за да го продолжи престојот во САД.

Тој не присуствуваше на примопредавањето на претседателската функција.