Болсонаро: Не сакам да примам вакцина против коронавирус, тоа е мое право
Бразил – Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека нема намера да прими вакцина против коронавирус.
Во синоќешната видео-порака на социјалните мрежи тој кажа дека бразилскиот Конгрес нема да донесе уредба за воведување на задолжителна вакцинација и дека од граѓаните нема да се бара да се вакцинираат.
-Јас отворено ви кажувам, нема да ја примам. Тоа е мое право, рече Болсонаро, пренесен од британските медиуми.
Болсонаро во видео-пораката, исто така, уште еднаш изрази сомнеж во ефикасноста на носењето маска и посочи дека засега има премалку докази за ефикасноста на маската во спречување на ширењето на вирусот.