Болните со Ковид-19 може да се лекуваат и во приватни клиники


Фото: Б. Грданоски

Владата на Република Северна Македонија на денешната 69-та седница ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба, согласно која сега и приватните здравствени установи, во рамките на вршењето на дејноста за интензивна нега и терапија, ќе можат да укажуваат здравствени услуги и за заразната болест корона вирус Ковид-19 за пациентите примени во установата кај кои во текот на укажувањето на здравствените услуги за дијагностицирање, лекување, третман, нега и рехабилитација во установата е утврдено присуство на причинителот Sars-Cov-2 вирус за заразната болест Ковид-19.

Досега заразените од корона вирус се препраќаа на Инфективната клиника или во „8 Септември“ во Скопје, во Инфективните одделенија во Битола, Охрид, Прилеп, Штип, Куманово и Тетово.