Болните пратеници ќе гласаат по Скајп


Претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека со дополнувањето на  Деловникот за работа на Собранието ќе им се  овозможи онлајн работа само на пратениците со позитивен тест за Ковид-19 или со решение за изолација.

Во моментов шестмина пратеници не се во можност да учествуваат во работата на Парламентот поради Ковид-19. Спикерот за измените на Деловникот веќе има неформални контакти со пратениците во однос на предлогот и ќе чека пратеничките групи и формално да се изјаснат пред да се стави на седница.

Ликот на пратеникот кој нема да може да присуствува во Законодавниот дом ќе се појави на еден од екраните во салата. Засега се уште не е решено дали за тоа ќе се користат платформи како Зоом, Скајп или други апликации.

Прелогот е поднесен по скратена постапка, а опозицијата во изминатиот период се противеше на идејата за „далечинско работење“ на пратениците.