Болниците преполни со пациенти со Ковид-19, хоспитализирани 793


Фото: Б. Грданоски

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се седум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 160 пациенти. На кислородна поддршка се 130 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 позитивни и две суспектни деца на Ковид-19 и 23 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има шест приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се тројца пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 23 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 53 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 376 позитивни и сомнителни на Ковид-19.