Болничар украл паричник од починат од корона вирус, потрошил илјадници евра


 

Во најголемиот ек на епидемијата во Италија, медицински работник во болница во Бергамо украл паричник од маж на возраст од 66 години заболен од Ковид-19 и му ја испразнил сметката.

Пациентот на 14 април починак од последиците од Ковид-19 додека болничарот само за неколку дена потрошил 6.000 евра.

Порталот primatreviglio.it пишува дека мажот од Чивидате ал Пјано стигнал во брзата помош со типични знали на ковид и болничарот кој бил на смена му го зел паричникот.

Само неколку дена подоцна пациентот е префрлен на одделението за интензивна нега каде починал по еден месецм пренесе РТС:

Семејството на починатиот забележало дека нешто чудно се случува и го пријавило случајот во полиција која спровела истрага, а пред неколку дена го уапсила 40-годишниот болничар и неговата 21-годишна девојка која учествувала во кривичното дело.

„Една многу грда приказна во трагичен момент, искористување лице кое не е во состојба да се брани, тажна приказна“, вели командантот на полицијата во гратчето Романо ди Ломбардија, Арканџело Ди Нардо.