Болничар кој убил двajца во Германија, обвинет за уште 97 убиства

Берлин – Германски болничар, кој е осуден на доживотна затворска казна поради две убиства, се тoвари за уште 97 убиства на пациенти.

Нилс Хогел (40) е обвинет за 35 убиства во северозападниот германски град Олденбург и за уште 62 во Делменхорст.

Во ноември минатата година, германските власти напоменаа дека е можно болничарот да извршил над 100 убиства за неколку години.

Хогел е осуден во 2015 година на доживотна затворска казна за убиство на двајца пациенти и за обид за убиство на други две лица.

Тој работел во локалната болница во Делменхорст од 2003 до 2005 година, а претходно од 1999 до 2002 година во болницата во Олденбург.