Болницата во Сисак по разорниот земјотрес изгледа хаотично
Ситуацијата во сисачката Општа болница е хаотична, вели за Индекс.хр докторката Ивана Шмит, воедно и претседателка на Хрватското здружение на болнички лекари.
„Дигаме шатори за сметсување на пациенти додека не се види каде ќе може да се формира одделение за интерна медицина, кардиологија и интензивна, кои сега се неупотребливи. Зградата на старото интерно е срушена, така што таму не може да сместуваме пациенти. Не знам дали некој ја потцени статиката, наводно хирургија добила сертификат, но многу од медицинскиот персонал се плашат да влезат внатре затоа што по потресот дел од зградата се одвои од остатокот и подоцна се потпре на новата зграда. Иако нѝ функционираат радиологија и итната, секој нов потрес не доведува во прашање дали зградата ќе издржи. Ситуацијата е напната и се прашуваме зошто не не сместат во зградата на новиот павиљон кои има се, односно, има барем комплетна инфраструктура на првите два ката“, вели Шмит.
Во меѓувреме Индекс доби фотографии од сисачката болница по земјотресот. Како што може да се види од нив направена е значителна штета, разфрлани предмети и медицински уреди, но има и бројни оштетувања на ѕидовите.
За новиот павиљон, Шмит вели дека е граден во 21 век и има сертификат за отпорност на земјотреси. Смета дека не е хумано во 21 век луѓето да се сместуваат во шатори. В меѓувреме 100 пациенти се пратени во Загреб.
За отворање на нвоиот павиљон, наводно фалат уште малку административни документи.
Заменикот-директор на болницата Марин Репушиќ вели дека зградата нема дозвола за употреба, им фалат сертификат за греење, а вели и дека нема врати . Отворањето е предвидено за мај, а работниците од понеделник продолжуваат да работат на тој дел.
Во вторникот земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер го погоди подрачјето на Сисак и Петриња, а болницата е многу оштетена, па секое ново тресење може да претставува опасност.
