Бољшој ги отвора вратите со физичка дистанца и со „Дон Карло“ на Верди


Русија –  Обожавателите на руската опера ќе го посетат Бољшој театарот в недела за првпат по речиси шест месеци, носејќи маски и седејќи одделно во полупразна сала на претставата на операта „Дон Карло“ на Џузепе Верди.

Познатиот театар лоциран во центарот на Москва ги затвори вратите на 17 март кога растеше бројот на заразени со новиот коронавирус во и околу градот, во тогаш најпогодениот дел од земјата.

Првично, режисерите на театарот изјавија дека затворањето ќе трае неколку недели, но на крајот објавија дека театарот ќе биде отворен на 6 септември, кога Русија почна да ги ублажува своите најстроги мерки.

–  Паровите или пријателите кои заедно купиле билети ќе можат да седат едни покрај други. Но, театарот нема да биде полн повеќе од половина, поради новите мерки насочени кон спречување на ширење на пандемијата, изјави директорот на Бољшој, Владимир Урин.

Температура ќе се проверува на влезот и секој кој има повеќе од 37 Целзиусови ќе мора да се врати.

– Театарот загуби повеќе од 9,52 милиони евра додека траеше карантинот, изјави Урин во интервју за државната телевизија. Тој апелираше до посетителите да се придржуваат до безбедносните мерки.