Боливудската суперѕвезда Амитаб Бахчан позитивен на коронавирус


Индија- Боливудската ѕвезда Амитаб Бахчан (77), еден од највлијателните актери во историјата на индиската кинематографија е позитивен на Ковид-19 и е примен во болницата „Нанавати“ во Мумбаи.

Неговиот син, актерот Абишек Бахчан, исто така е позитивен и е сместен во болница.

Другите членови на домаќинството на Бахчан ја вклучуваат неговата сопруга, реномираната актерка Јаја Бахчан и еднакво познатата снаа, актерката и ексмис на светот Ајшварија Раи-Бахчан која е негативна на тестот но останува во самоизолација.

Последниот филм на Бахчан „Гулабо Ситабо“ ги заобиколи кината и се промовираше директно на Амазон во јуни, бидејќи кината низ Индија остануваат затворени заради пандемијата на коронавирус.

Веста предизвика непосреден бран на поддршка од индиската филмска индустрија која на семејството Бахчан му посака побрзо оздравување.

Бахчан е гигант на индиската филмска индустрија, глумејќи во  влијателни филмови како „Шолеј“, „Дејуар“, „Дон“ и „Амар Акбар Ентони“, меѓу многу други во петдецениска кариера. Имаше улога во „Големиот Гетсби“ на Баз Лурман и беше домаќин на неколку изданија на „Каун Банега Коррепати“, индиска верзија на „Кој сака да биде милионер“.

Со 850.000 позитивни случаи, Индија сега е трета најпогодена земја од короната во светот, по САД и Бразил. Досега имало 22.687 смртни случаи, според официјалните бројки.