Боливудската ѕвезда и мис на свет Ашвариа Раи позитивна на коронавирус


Индија– Боливудската ѕвезда и мис на свет (за 1994) Аишварија Раи-Бахчан (46) е позитивна на коронавирус. Претходно, нејзиниот свекор Амитаб Бахчан (77), еден од највлијателните актери во историјата на индиската кинематографија беше примен во болница во Мумбаи зашто е позитивен на Ковид-19 .

И сопругот на актерката , актерот Абишек Бахчан, и нивната 8-годишна ќерка се позитивни на коронавирус.

Индија е трета земја во светот најпогодена од вирусот, по САД и Бразил.