Боки 13: Живеам за денот да ја докажам својата невиност


Фото: Б. Грданоски

Јас живеам за да ја докажам вистината и да докажам дека сум невин, рече пред судиите во Апелацискиот суд, првоосомничениот во случајот Рекет Бојан Јовановски.

Тој денеска со својот адвокат пред судиите ги образложуваа причините зошто не треба да остане во притвор. Тој се пожали дека е во животозагрозувачка состојба по двете неуспешни операции.

-Јас и требам на оваа постапка жив и здрав, вели Јовановски.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски вели дека неговиот клиент треба да биде хоспитализиран, бидејќи постојано повраќа.(Ф.Ф.С.)

Фото: Б. Грданоски