Боки 13 вратен во болница, одложено рочиштето за „Меѓународен сојуз“


Фото: Б. Грданоски

Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки-13 од понеделникот повторно е во болница, па и денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ се одложи.

 

Јовановски и претходно беше хоспитализиран, но минатата недела повторно бил вратен во притвор во истражниот затор во Шутка. Во затворот поминал само два дена кога состојбата повторно му се влошила и пак по прегледите од затворските лекари е вратен во болница.

Нов обид за продолжување на судењето ќе има следната недела, на рочиштетото закажано за 28 октомври. Освен Јовановски, кој беше претседател на невладината Меѓународен сојуз, обвинети се и поранешната пратеничка Фросина Ременски, таткото на Бојан – Миле Јовановски, асистентката Христина Блажевска и Јасна Мандиќ.