Боки 13 ќе дава исказ во Обвинителство


Фото: Б. Грданоски

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 кој неодамна доби затворска казна од девет години за случајот „Рекет“ денеска од затворот во Шутка ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство за да даде исказ на сопствено барање за високи функционери, јави Канал 5.

Боки 13 беше осуден минатата недела заедно со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева која доби седум години затвор.