Бојко Борисов сака да прави „анти-Путин“ влада

Лидерот на ГЕРБ изјави дека е подготвен на секакви отстапки и компромиси за Бугарија да добие влада со евроталантска ориентација


Бојко Борисов не сака да биде ни во владата ни во парламентот

 

Откако повеќе партии кои влегоа во бугарскиот парламент се огласија дека немаат намера да коалицираат со победникот, ГЕРБ, лидерот на партијата Бојко Борисов денесак се обиде да ја преземе иницијативата во свои раце и да понуди составување кабинет со јасна евроатлантска ориентација. Борисов на прес-конференција изјави дека тој е подготвен на секакви отстапки (најважната е не само да не биде премиер, туку и да не биде ниту во владата ниту во парламентот) за да се формира еден „анти-Путиновски“ кабинет, додека во соседството се води војна и инфлацијата беснее.

ГЕРБ ќе им предложи на партиите застапени во парламентот да започнат преговори за одредени теми во контакт-групи за да се формира влада, а ги повика и другите лидери да се повлечат.

„Ќе предложиме контакт група, преговарачки тимови. Ќе поканиме луѓе со неоспорен углед на најважната ‘антипутинска тема’“. Тој рече дека ќе ги поканеле поранешниот претседател Росен Плевнелиев и поранешниот министер за надворешни работи, Соломон Паси, да бидат модератори.

Осврнувајќи се на една од најважните теми во бугарското општество –руската инвазија – Борисов рече дека Бугарија треба да ја помогне Украина со оружје.

Продолжуваме со промената, Демократска Бугарија и БСП веќе најавија дека не се подготвени да коалицираат со ГЕРБ. Но Борисов вели дека ќе им понуди разговори на сите партии.

„Со ваква реторика од сите страни, не гледам излез – опцијата во која би владеела ГЕРБ со ДПС, Јанев или Преродба со оглед на тоа што ние сме најпосветената евроатлантска партија не е можна. Ако тие (ПП и ДБ) нѐ одбијат, ние ќе ги одбиеме – и одиме на нови избори. А војната е тука“.

Борисов рече дека ГЕРБ може да ја поддржи социјалната програма, како и судските реформи на Демократска Бугарија.

„Да се ​​обидеме да ја смириме ситуацијата. Подготвен сум на какви било отстапки и компромиси“, нагласи Борисов, велејќи дека дури и со националистите од Преродба имало теми за кои имале исто мислење.

Борисов коментира дека изборите покажале дека народот никому не му дава независно право да владее. „Народот вели: ‘Доста е да војувате, најдете начин’“, рече Борисов.

Тој ги објави и почетните точки за разговорите со другите партии: „Најважно во моментов во Бугарија е – кој е на страната на Украина, а кој не, ова нека биде првата тема за која јасно ги кажуваме нашите позиции. Три четвртини од од населението се за продолжување на евроатлантскиот пат. Втората тема – инфлација, финансии, економија, енергија, цени, оди и низ одлуките во парламентот“.

Тој се чуди зошто некои политички актери (вклучувајќи го и поранешниот премиер Иван Костов) предлагале да се направи коалиција меѓу ГЕРБ, ДПС и Преродба. „До вчера објаснуваа дека овие од Преродба се се опасни, сега сакаат да ги внесат во владата. Со таква реторика од сите страни јас не гледам излез“, рече Борисов. (Н.В.)