Бојко Борисов ќе ја води надворешната политика на бугарското собрание
Не само што овој пат остана како пратеник во бугарското собрание, туку поранешниот премиер Бојко Борисов доби и функција во него – тој ќе биде претседател на комисјата за надворешна политика. Ова именување следи по договорот со партнерот во власта, коалицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија.
Според овој договор, копретседателот на ПП, Кирил Петков, е избран за претседател на комисијата за прашањата на Европската унија. Борис беше избран со 161 глс на пратениците, а Петков со 155.
Според договорот на владините партнери ГЕРБ на Борисов доби дури 14 претседателски места во комисиите, партијата на Турците, ДПС – 5, а коалицијата ПП-ДБ несразмерно помалку – само 3. Треба да се распределат претседателските места за уште три комисии.