Бојко Борисов го преживеа гласањето за недоверба


Владата на премиерот Бојко Борисов го преживеа петтото по ред гласање за недоверба. Денеска во парламентот во Софија 124 пратениции гласаа „против“, 102 се изјаснија владата да падне, а 11 беа воздржани.

Веста не е изненадувачка, затоа што веќе неколку дена се знае дека ГЕРБ и Патриотите ги затоплија односите, додека пратениците на Волја индиректно го поддржуваат кабинетот „Борисов 3“,  останувајќи воздржани.