Бојан Маричиќ го доби судскиот спор со порталот „Инфомакс“


Советникот на претседателот на Владата и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, го добил судскиот спор со порталот „Инфомакс“ кого го тужеше поради објавување лажни вести, објави самиот тој на својот Фејсбук профил. „Инфомакс“ во јуни 2018 објави текст во кој тврдеше дека откако Маричиќ станал дел од тимот во преговорите за името со Грција нагло се збогатил и со наводните милиони купил голем плац во скопската населба Дебар Маало.

Во постапката во Основниот граѓански суд во Скопје судијката Љубица Колиќ пресуди дека тоа што го објавил „Инфомакс“  биле невистини и поради тоа треба да му исплати на Маричиќ 50.000 денари за повредана чест и угледот, како и да му ги надомести судските трошоци од 39.500 денари.