Бојан Јовановски пуштен на слобода


Фото: Б. Грданоски

Осудениот во случајот „Рекет“,  Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода, потврдува за Канал 5 неговиот адвокат, а неофицијална потврда има и од Кривичниот суд.

Причината е лошата здравствена состојба, за што Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми.

Ова значи дека Боки 13 ќе се лекува од слобода, откако му е извршена операција.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ вели дека ја добиле одлуката, за која кажа дека иако е задоцнета, е праведна. Јовановски доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева доби 7 години затвор.