Бојан Јовановски бара изземање на судијката бидејќи политички го цензурирала


Фото: Б. Грданоски

Обвинетиот  Бојан Јовановски побара изземање на судијката Софче Гаврилова која го води предметот “Рекет 2”. Според негова оценка, оваа судика  не може да биде непристрасна  при носење на пресудата.

– Вие почитувана судијо носите одговорност за мојата состојба. Фалеа само 30 минути за да фатално заврши мојата состојба – рече Боки 13 во судница.

Нагласи дека судијката Софче Гаврилова имала дискриминаторски говор на минатото рочиште и го етикетирала.

– Штом се спомене дека ова е политички предмет,  вие сте политички инстринуирани да ме прекинувате – рече Јовановски, по што од страна на судијката му беше одземен зборот.

Судијката нагласи дека барањето на Јовановски ќе биде доставено до пертседателот на судот и го опомена да се однесува коректно во судница.

Во случајот “Рекет 2”  Бојан Јовановски  се товари за перење пари и за измама.