„Боинг“ ќе им исплати 50 милиони долари отштета на жртвите во авионските несреќи


Американската компанија „Боинг“ објави дека на семејствата на жртвите ќе исплати половина од фондот од 100 милиони долари, кој беше формиран по двете несреќи на „боинг 737 макс“ и за таа цел е ангажиран експертот Кен Феинберг кој треба да врши надзор на исплатите.

Објавувањето на ангажманот Феинберг се поклопи со сведочењето на Пол Њорога пред Претставничкиот дом на Конгресот на САД, татко кој ги загубил своите три деца, сопругата и бабата во авионската несреќа на „737 макс“ која се случи во март годинава.

Феинберг претходно има учествувано во слични процеси, вклучувајќи го и нападот на 11 септември 2001 и престрелки во училиштата.

Авионите „боинг 737 макс“ се приземјени во целиот свет откако авионите на „Етиопија ерлајнс” и „Лајон ер“ се урнаа, при што во двата инцидента загинаа 346 лица.