„Боинг 737 Макс“ повторно лета во САД


Авионот Боинг 737 Макс денеска по 20 месеци леташе во САД, откако минатиот месец беше укината забраната.

Забраната за летови на Боиинг 737 Макс беше воведена по две авионски несреќи во рок од пет месеци, во кои загинаа 346 луѓе.

Авионот Боинг 737 Макс на компанијата „Америкен ерлајнс“ денеска леташе од Мајами до Њујорк.