Богојески: Во минатото зборовите Бугарин и Македонец имале поинакво значење


Петар Богојевски од Македонски концепт смета дека мора да се познаваат добро термините и дека зборовите Бугарин и Mакедонец во минатото имале поинакво значење. Историјата е сериозна наука, смета тој и додаде дека е база која ја креира иднината и сега имаме многу фејсбук историчари.

„Гоце Делчев не е толку габаритна личност за ВМРО, но е значаен за македонскиот автономизам. Македонскиот денешен современ идентитет се развива во неколку фази, сепаратизмот, автономизмот и независноста. За да ги решиме проблемите мора да направиме апдејт на југословенската теорија за поимот Македонец“,  рече Богојевски.

Своевремено зборот Бугарин имал двојно значење, државен идентитет и религиозен. Тој ги повика Димитров, Османи, Пендаровски, Заев да бидат повнимателни кога го дискутираат ова прашање кое задира во најдлаболките емоции на народот.