Богојески во Македонски Брод: Мора да го промениме трендот на иселување


Кандидатите за пратеници од платформата Македонски концепт, Петар Богојески и Дамир Тепшиќ, денеска го посетија Македонски Брод.Во разговор со граѓаните, тие порачаа дека мора да се спречи трендот на иселување на населението.

-Невработеност, економски колапс и недостиг на свежи инвестиции се најголемите проблеми на жителите од Општина Македонски Брод, кои денес разговараа со кандидатите за пратеници од Македонски концепт и ги посочија долгогодишните проблеми за развој на Поречието . Повозрасните се жалат дека младите решение за проблемите бараат надвор од Општината, во Скопје или заминуваат во странство. Велат доколку се вложат напори да се отворат нови стопански капацитети, сигурно дека квалитетот на животот на сите граѓани ќе се подобри и дека ќе се стопира процесот на мигрирање на населението, истакнаа Богојески и Тепшиќ.