Богојески: Се е слушнато и видено, треба да падне естаблишментот


Носителот на листа за пратеници за ИЕ1 Петар Богојески денеска имаше средба со  граѓани во Градскиот Парк.

– Денеска сретнавме прекрасни луѓе, кои и покрај желбата да одморат од градската гужва, беа отворени за разговор со нас. Се е јасно. Нема простор за ветувања, програми, се е слушнато и видено веќе 30 години! Редно е да го смениме политичкиот систем, да падне овој естаблишмент, рече Богојески.

Македонски концепт, додаде тој,  креаира поинакви јасни политики кои ќе донесат суштински промени за нашата држава.

-Имаме јасна идеја и цел и знаеме како. 15 јули е денот кога без разлика на политичката определба, сите граѓани масовно треба да излезат на гласање и да го заокружат бројот 10. Десетка е број кој менува. Само заедно можеме да се избориме за суштински промени, додаде Богојески.