Богојески: Милошоски и Апасиев сакаат да поттикнат меѓуетнички судир околу спорот со Бугарија


„Обидот на типчиња како Антоњо и Апашиненко да направат меѓуетнички судири во Македонија со приказната за “шиптарот Османи кој ги продава македонскиот идентитет и јазик”, е во интерес само на Бугарија и нивните московски ментори!
Всушност таа кампања таму е осмислена и од таму е нарачана„ – напиша на фејсбук профилот Петар Богојески реагирајќи на изјавата на Милошоски кој ја спори објективноста на актуелниот министер Бујар Османи, односно јавно праша со кое право Османи преговара за историјата, јазикот и интересите на македонскиот народ. 

„Македонците и Албанците имаме слична историја и исти маки сме препатиле! И двата народи бевме предмет на асимилаторски движења во минатото, од страна на истите балкански држави! Македонија е држава на сите нас, па должност на секој Албанец е да ја брани државноста на Македонија, како и на секој Македонец!
Османи може да се оспори како преговарач поради професијата (хирург, а не историчар или експерт по меѓународно право и односи), а не затоа што е Албанец! Јас исто им верувам на секој Албанец или било кој друг од Македонија, дека ќе стои рамо до рамо со Македонците и ќе се бори за слободата и интеграцијата на Македонија во ЕУ“, пишува Богојески.

Тој и порачува на Софија да стои подалеку од оваа структура зошто не работи на заштита на македонски национални интереси, туку во интерес на московските интереси и  личните лукративни потреби.