Богојески: Идејата за премиер по етнички клуч е најголема глупост на овие избори


Петар Богојески (Фото: Б. Грданоски)

Најголемата глупост на овие избори е барањето на ДУИ за премиер Албанец, вели во интервју за Фактор Петар Богојески, лидер на Македонски концепт.

„Па тоа е најголемата глупост во овие избори. Секако дека наметнување на етнички клуч за донесување на кои било решенија е спротивно на нашата идеологија за европеизација на нашата земја. Тоа е смешно што го тврди ДУИ. Не е проблем да биде премиерот Албанец, за нас секој граѓанин може да биде премиер, без разлика на етничкиот идентитет кој го носи во себе, таков може да биде и кадар од Македонски концепт, не мора од ДУИ. Но, начинот на промоција на такво решение, обидот за наметнување на етнички, а не граѓански клуч, е целосно спротивно на нашите заложби и нема да биде подржано од нас“, вели Богојоски во интервјуто дадено за нашата редакција.