Бочварски ветува реализација на капиталните инвестиции

Ќе продолжиме со сериозна динамика во искористувањето на капиталните инвестиции бидејќи во време на КОВИД криза кога е намалена јавата потрошувачка државата треба да даде се од себе за да ги реализира своите капитани инвестици, изјави новоизбраниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски, при неговата прва теренска активност во Општина Бутел каде изврши увид во изградбата на социјална зграда.

Бочварски потенцираше дека сите средства што се предвидени за станбена изградба на Министерството се реализирани. Најавува дополнување на средствата за оваа намена со првиот ребаланс на Буџетот доколку е потребно, со цел непречено одвивање на изградбата и што поскоро завршување на становите.

-Во социјалната зграда во Општина Бутел се предвидени 312 станови кои ќе бидат наменети за наши сограѓани на кои навистина тоа им е потребно. Државата навистина води грижа за изградбата на социјални станови. Во моментов низ целата држава се градат над 500 вакви станови од кои 312 се овде во Општина Бутел, рече Бочварски.

Тој дополни дека се реализираат и голем број проекти за изградба на канализации и водоводи, како и локални улици  и патишта, проект што ќе почне наскоро, така што ќе продлжиме и во наредниот период. Сите јавни претпријатија во наредниот период ќе бидеме на терен заедно со градоначалниците и граѓаните со цел да правиме што е поголем притисок за реализацијата на ваквите објекти и на сите капитални инвестиции да добие уште посилна динамика и димензија, најави Бочварски.

Покрај зградата со социјални станови во Бутел во тек е изградба на вакви станови и во Демир Капија Гевгелија и во Велес. До крај на годината се додадени уште три локации за ваква намена, во Штип

Прилеп и во Кочани, информира директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор  од значење за  Републиката.

Трајковски вели дека иако имале пречки поради кризата со КОВИд-19, не забележале застој  во делот на продажбата на комерцијалните станови, како и дека побарувачката ќе биде на задоволително ниво.

– Напротив сите залихи на станови се сведени на минумум, во тек се две комерцијални градби во Аеродром, имаме уште неколку комерцијални градби за наредната година, така што АД интензивно работи на создавање на нови згради од комерцијлане тип. Мислам дека  побарувачката на станови ќе биде на задоволително ниво, изјави Трајковски.

Цената на комерцијалните станови во Аеродром, како што рече, генерално се движи меѓу 850 до 900 евра, Најави дека ова АД ќе продолжи да биде регулатор на понудата на станови на пазарот со конкурентни цени.