Бочварски: Ќе се гради западната трибина на Градскиот стадион во Штип


Нека е со среќа на штипјани, добиваат нова трибина после 55 години, објави попладнево министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Тој на својот профил на Фејсбук напиша дека се почнати подготвителни активности за изградба на западната трибина на Градскиот стадион.
„Денешното саботно попладне го искористив да бидам на терен заедно со заменик градоначалникот на Штип, Јане Миланов со цел да направиме увид во отпочнувањето на активностите за отстранување на западната трибина на Градскиот стадион во Штип“, вели Бочварски.
Посочи дека веднаш потоа започнува со изградба на целосно новата трибина преку програмите на ФФМ. Додека источната трибина ќе биде изградена преку инвестиција на општина Штип.