Боатенг по крајот на сезоната го напушта Баерн

Одбранбениот фудбалер на Баерн, Џером Боатенг во летниот трансфер прозорец може да го напушти клубот од Минхен, објавија некои германски медиуми.

За потсетување, минатото лето за 30-годишниот Германец беа заинтересирани Манчестер јунајтед и ПСЖ. Клубот е подготвен да го ослободи Боатенг за сума од 50-60 милиони евра.

Минатата сезона, Боатенг настапи на 23 натпревари.

Вредноста на трансферот пазарот на членот на Баерн се проценува на 30 милиони евра. Актуелниот договор му истекува на 30 јуни 2021 година.