Блумберг: Иран ја намали цената на нафтата за да и конкурира на Русија на кинескиот пазар


Иран за да може да и конкурира на руската нафта на кинескиот пазар мораше да ја намали цената на својот енергенс, објави Блумберг.

Кина стана критична дестинација за руската нафта бидејќи Москва се обидува да го одржи извозот по нејзината инвазија врз Украина. Ова доведе до зголемена конкуренција со Иран, наведува Блумберг.

Според експертите конкуренцијата помеѓу иранската и руската нафта единствено е во корист на Пекинг.

Пред руската инвазија врз Украина и санкциите за руската нафта, Иран нафтата Брент ја продаваше со попуст од четири до пет долари, додека сега цената е намалена за 10 долари за барел.