Блок: Не треба да се отворат преговори за пристапување на Албанија во ЕУ


Холандскиот министер за надворешни работи, Штеф Блок изјави дека холандската Влада смета дека не треба да се отворат преговори за пристапување на Албанија во ЕУ.

Тој оваа изјава ја даде во парламентарната комисија за европски прашања на холандскиот Парламент, запрашан од пратениците дали треба да се отворат или не пристапните преговори со Албанија.

Блок не образложи на својот одговор дали Холандија ќе стави вето на Албанија на состанокот на министрите за надворешни работи на 15 октомври или на самитот на европските лидери на 18 октомври, но, тој јасно  кажа дека  ставот на холандската влада останува непроменет.