Блок 1 на РЕК „Битола“ попладнево ставен во функција


 

Блок 1 на РЕК „Битола“ попладнево околу 15 часот е ставен во функција, соопштија „Електрани на Северна Македонија“, во чиј состав е термоелектраната.

Постројката произведува електрична енергија и е синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем, велат од ЕСМ.

„Благодарание на стручноста и ангажманот на вработените во Термоелектраната, за нецели 24 часа санираните се пукнатите цевки заради кои блокот вчера утрото мораше да биде исклучен“, се вели во соопштението до медиумите.

РЕК „Битола“ во моментов работи со два блока.

На Блок 3 во тек се завршните зафати за монтажа на новиот трансформатор, по што и оваа постројка ќе биде ставена во функција, посочуваат од ЕСМ.