Близу половина милион заразени во Мексико

 

Мексиканското министерство за знрадвство соопшти дека во таа земја потврдени се уште 4.767 случаи со корона вирус, а дека од последиците на Ковид-19 починале уште 266 пациенти.

Вкупниот број заразени во Мексико достигна 443.813, а од почетокот на епидемијата починаа вкупно 48.012 лица, пренесе Ројтерс.

Мексико е на шесто место во светот по бројот на заразени, а на трето место по бројот на умрени од Ковид-19.

Владата соопшти дека вистинскиот број на заразени луѓе веројатно е значително поголем од бројот на потврдени случаи.