Блинкен до Нетанјаху: Илјадниците убиени деца во Газа ќе те прогонуваат цел живот


 

Американскиот државен секретар Антони Блинкен му рекол на премиерот Бенјамин Нетанјаху за време на состанокот денеска дека до крајот на својот живот „ќе размислува за илјадниците деца кои беа убиени во Газа“, пренесува израелскиот Канал 13.

Според извештајот, Блинкен ги дал коментарите за време на дискусијата за цивилните жртви од војната на Израел со Хамас во Газа.

Министерството за здравство во Газа, управувано од Хамас, соопшти дека од почетокот на војната, повеќе од 27.500 луѓе се убиени во енклавата, од кои повеќето цивили. Сепак, овие бројки не можат да бидат независно потврдени и се верува дека ги вклучуваат и цивилите и членовите на Хамас убиени во Газа. Израел соопшти дека неговата војска убила над 10.000 оперативци на Хамас во Газа.

Велејќи дека е „шокиран од 7 октомври“, кога терористите на Хамас убија 1.200 луѓе во јужен Израел и киднапираа над 250, и дека е „посветен да спречи такво нешто да се повтори“, Блинкен, наводно, рекол дека, сепак, реалноста на Работата е дека „цели семејства кои не се поврзани со Хамас беа уништени“ во текот на борбите.

Се вели дека Нетанјаху одговорил дека вината за цивилните жртви е кај Хамас, бидејќи „оперира од внатре во цивилното население“.

Блинкен подоцна на прес-конференцијата изјави дека Израел убива премногу невини луѓе во и дека „7 октомври не може да биде лиценца за дехуманизирање на другите“.