Блејк Лавли и Рајан Рејнолдс по трет пат родители


САД– Холивудската актерска двојка Блејк Лавли (31)  и Рајан Рејнолдс (42) ќе станат родители на трето дете. Лавли го покажа стомачето на премиерата на новиот филм „Pokémon Detective Pikachu“ во Лос Анџелес е така ја најави новата принова во семејството. Двојката веќе има две ќерки- Џејмс (4) и Инес (2).

Се запознаа на снимање на филм во 2010 година и по две години се земаа. Ова е прв брак за Лавли, а Рејнолдс претходно беше во брак со актерката Скарлет Јохансон.