Благ пораст на бројот новозаболени денеска во Србија: Повеќе од 100


 

По неколку дена под 100 новозаболени во Србија, денеска се регистрирани 103 нови случаи со ковид-19, додека од последиците на оваа болест починаа три лица, јави Б92.

Имено, на 19 јуни имаше 89 новозаболени, на 20 јуни – 60, на 21 – 88, а во понеделникот 72.

Досега во Србија се тестирани вкупно 4.361.392 граѓани, а во последните 24 часа 8.368.

Според последните податоци на Институтот „Батут“, на респиратори се 18 пациенти, а во болница се лекуваат 331 пациент.

Епидемиолошката состојба се подобрува, а тоа доведе до попуштање на мерките, додека вакцинацијата на населението, според стручњаците, ја стафила инфекцијата под контрола.