Благ пад на бројот заразени во Србија, починаа 31 пациент
Во последните 24 часа во Србија регистрирани се 4.687 граѓани, а починаа 31 пациент.
Во болница се лекуваат 5.414 лица од Ковид-19, а 230 се на респиратори.
Тестирани се 14.866 луѓе.
Од почетокот на пандемијата со Ковид-19 во Србија забележани се 546.896 позитивни, а 3.250.474 се тестирани.
Починаа вкупно 4.900 пациенти, а процентот на смртност изнесува 0,90 отсто.
Сите кои сакаат да се вакцинираат со вакцината на „АстраЗенека“, денеска можат да го направат тоа без пријавување на белградскиот саем.