БК Вардар со прва победа во Регионалната лига, Железничар совладан во Скопје


БК Вардар го победи Железничар од БиХ во 4-то коло од Регионалната лига во бокс, во групата А, во Скопје црвено-црните победија со 14-6 .
 
За нашиот тим ова беше прва победа во лигата со која останува во игра за пласман во полуфинале. Боксерите на Вардар победија на седум борби.
 
 Во младинска конкуренција две службени победи, противникот немаше свои боксери во категориите 56кг и +91 кг. Во сениорска конкуренција победи остварија Бериша Јетон, Јасин Љама, Бајоку Шпетим, Лео Јовановски и Арсим Етемеи. Порази запишаа, Оран Шакировски, Ерлаб Бериша и Арианит Пачаризи.
 
Вардар на табелата е трет во групат А со 2 бода, прва е Лозница со 8, Железничар е втор со 4 бода. Следно за БК Вардар е мечот со Лозница во февруари следната година на гости.