Бизнисменот Чедомир Радомировиќ почина по тешки повреди на главата


 

Бизнисменот Чедомир Радомировиќ кој беше една од важните фигури во бизнис круговите во доцните 1990-ти, Чедомир Радомировиќ, доцна вечерва почина од здобиените рани најверојатно од истрел во главата. Радомировиќ, кој беше основач на фирмата „Техноком“ и на Радо банка, беше пронајден доцна вечерва со тешки повреди покрај возило кај скопското село Орман.

Според информации во медиумите, Радомировиќ бил пронајден со раскрвавена глава а до него имало пиштол и чаура. Веднаш бил пренесен со Итна помош на скопските клиники, но за кусо време починал од тешките повреди.

Радомировиќ иако успешен беше прилично контроверзен. Во годините кога бизнисот му одеше најдобро беше прилично близок до ВМРО-ДПМНЕ. Во 2005 година тој беше уапсен поради вмешаност во пирамида, во друштво на десет даночни затајувачи. Радо банката на почетокот од 2000-те почна да влегува во голема неликвидност. Неа во 2003 ја купи уште контроверзниот Јовица Стефановиќ-Нини. Но на банката ѝ немаше спас , па мораше да оди во стечај, а потоа во ликвидација.

МВР засега не соопштува ништо. Не се знае дали станува збор за убиство или самоубиство. Повеќе детали се очекуваат утре.