Бизнисмените на појадок со Заев


Деловната заедница, утре наутро ќе појадува со премиерот Заев. Работниот појадок го организира Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

На  свечениот настан, во присуство и на ресорните министри и дипломатскиот кор, официјални обраќања ќе имаат г-ѓа Данела Арсовска, претседател на Сојузот и г. Зоран Заев, претседател на Владата.

На настанот, ќе се дискутира за најзначајните економски прашања во функција на подобрување на секојдневното работење на компаниите и деловната клима во земјата. За таа цел, Сојузот подготви пакет од над 80 економски мерки од областа на измена на законска регулатива,  административни бариери и парафискални давачки, дигитализација и икт сектор, надворешна и внатрешна трговија, индустрија и градежништвото. Секоја од предложените мерки е утврдена согласно истакнати реални предизвици со кои се соочуваат компаниите, а врз основа на соодветна анализа, позитивни деловни практики и компаративни искуства во соодветната област.