Бившата на Борисов место со телохранители шета со кученце


Цветелина Бориславова е  една од најуспешните и најбогати Бугарки, која е позната и по тоа дека е поранешна девојка на премиерот Бојко Борисов. Деновиве таа била „фатена“ од фоторепортерите како шета по улиците на Софија без телохранители. Недостигот на мускулест маж околу неа сепак, според бугарските медиуми,  не значи дека нема кој да ја заштити од натрапниците – за нејзината безбедност сега грижи бела пудлица. Белокосото кутре е бесно ако сомнителни субјекти и пријдат на сопственичката.

 

Поранешната љубов на премиерот Бојко Борисов, според медиумите, е толку приврзана за нејзиното омилено животно што никогаш не се разделува од него, па ни ноќе. Како главна акционерка и претседател на Надзорниот одбор на Бугарско-американската кредитна банка таа брзала кон својата канцеларија во банката.

Во септември, Борислава го прослави својот 62-ри роденден, но таа не изгледа постара од 40 години. Дури  и не треба да се шминка. Не само што отсуството на шминка на нејзиното лице беше воодушевувачко за папараците, туку и нејзината витка фигура како на модел.