Битолски планинари го дочекаа новогодишното изгрејсонце искачувајќи се на врвот на Пелистер


Традиционално по десетти пат битолски планинари го пречекаа првото утро од Новата година искачувајќи се на врвот на Пелистер. Членови на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ – Влатко Крбалески, Иванчо Тошевски, Менде и Елена Давитковски, Ана Крбалеска, Пеце Давитковски и Јасмин Биберовиќ тргнаа по полноќ од Битола кон Антена за да го дочекаат првиот ден од 2021 и новото изгрејсонце на 2601 метар надморска височина.

Членовите на ПСК „Пелистер“ на битолчани им ја честитаа Новата година и им посакува повеќе изминати километри на планина. (А.Б.)

Поради чудните врнежи од снег, навевите од ветер и потоа замрзнувањето, објектот на Антена изгледа како замок од Дизниленд