Битолчанката Матеа има најубаво тело на светот – во Бејрут се одржа World Next Top Model 2023

Убавиците од Казахстан, Белорусија и Естонија ги освојија првите три места


Викендов во Бејрут, Либан се одржа изборот за World Next Top Model за 2023.
Нашата држава ја претставуваше 18годишната убавица и модел Матеа Христовска од Битола, која ја освои титулата за најдобро тело – MISS BEST BODY, во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од целиот свет.
 
 
Победничка, односно World Next Top Model за 2023 е претставничката на Казахстан, прва придружничка е убавицата од Белорусија, а титулата втора придружничка ја освои убавицата од Естонија.
 
 
Изборот се одржа во театарската сала на Casino Du Liban во Бејрут, во организација на Style Events Production од Либан, која традиционално веќе со години овој интернационален избор за модели го одржува во Бејрут.
 
 
Матеа Христовска е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој голем светски избор за убавина и модели и од кое имаше голема поддршка на лице место во Бејрут.