(Видео) Битола поплавена – наврнале 40 метри кубни дожд на метар квадратен


Екипите „Водовод“, „Нискоградба“ и ТППЕ Битола и останатите јавни претпријатија, делуваат на терен во насока на справување со поројните дождови кои попладнево ја зафатија Битола. 

За само 15-тина минути заврнаа над 40 литри дожд на метар квадратен, со што се поплавија одредени улици и домови, соопштија од Опптина Битола.

Делувано е со градобијни ракети за растерување на тешки облаци со град. На терен се забележани многу електрични празнења, кои дополнително ја отежннуваа работата.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска веднаш го повика и одржа состанок со Општинскиот кризен штаб, по што се дадоа насоки за следни делувања. Веќе е интервенирано во населбите Карпош, Јени Маале, населбите Баир, Дулие и влезот кај Лук Оил и ул. „Иван Милутиновиќ“. На терен, екипите сеуште интервенираат.

Дополнително, контактирано е со надлежните екипи на ЕВН подружница Битола, за постапување по нивните надлежности. 

Контактирана е и добиена е поддршка од Дирекцијата и за заштита и спасување за делување на терен. 

Од Управата за хидрометереолошки работи велат дека оваа состоба е навистина драматична и за споредба.

(Видеото е испратено од Нефи Сефедини до редакцијата на Бабам Битила)