Битиќи се сретна со новата претставничка на УСАИД, Џери Дајбл


Вицепремеирот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска имаше средба со в.д. шефот на мисијата во амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, Ерик Мејер и новата претставничка на канцеларијата на УСАИД во земјава, Џери Дајбл на која разговараа за интензивирање и продлабочување на меѓусебната соработка.

Преку УСАИД – Агенцијата за меѓународен развој на САД, досега е обезбедена многу значајна помош за развојот на претприемништвото, подобрување на конкурентноста, поефикасна работа на јавната администрација и подобрување на деловното опкружување, реформите во областа на правдата, борбата против корупцијата, односно континуирана поддршка во реализацијата на реформската агенда на нашата земја.

-Северна Македонија и САД се стабилни стратешки партнери во заедничките заложби за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот, посочуваат од владината прес-служба.