Битиќи и Шкриељ: Не  е време ниту за бојкот ниту за молк


 

„Не е време за бојкот или молк, туку за глас со кој ќе го поразиме стравот од различностите и ќе ги замолчиме националистите на 8 мај, застанете рамо до рамо со нас во градењето на општество во кое нема да има поделби“, порачаа во видео обраќање Фатмир Битиќи и Санела Шкриељ кандидати за пратеници на Коалицијата „За европска иднина“ од Изборна единица 2.

Битиќи ветува иднина во која за секого ќе има место, во која секој ќе биде достоинствено прифатен.

„Македонија е многу повеќе од која било која политичка партија, таа е на сите нас, Бошњаци, Албанци,  Македонци, Срби, Турци, Роми,  Власи, Торбеши –  на сите нас кои се бориме за европска држава, а кои сме повеќе,  и тоа многу повеќе отколку што бевме во првиот круг на претседателските избори.  Ве повикувам, застанете рамо до рамо со нас во градењето на општество во кое секоја различна нишка е вткаена во ткивото на единството. Каде што ќе нема повеќе поделби врежани во камен, ќе нема ѕидови кои нѐ раздвојуваат“, порачува во своето обраќање Шкријељ

На крајот од видео обраќањето, потпретседателот на СДСМ и коносител на листа на кандидати за пратеници, Битиќи, порачува – „во нашата Македонија етничката припадност, верата и идеологијата се вкрстуваат – не како борбени линии, туку како сојузници во заедничката и споделена европска иднина.“

Обраќањето е споделено и со видео пораки на мајчиниот јазик на кандидатите за пратеници, албанскиот и босанскиот јазик.