Битиќи: 600 ученици од ОУ „Лирија“ ќе следат физичко образование во модерна спортска сала


„Над 600 ученици од Основното Училиште „Лирија“ во Општина Чашка, од наредната учебна година, предметот Физичко образование ќе го реализираат во новата спортска сала која се гради, за која се одвоени над 317 илјади евра од ТАВ програмата”, изјави заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, при денешната посетата на селото Горно Јаболчиште во Општина Чашка.

Вицепремиерот Битиќи изјави дека преку овој проект го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните, но истовремено му ставаме крај на недостатокот на спортска сала во Основното Училиште „Лирија”.

„Денес сум во Општина Чашка, поточно во селото Горно Јаболчиште каде што се гради нова спортска сала во вредност од над 317 илјади евра, со што му ставаме крај на проблемот со недостаток на спортска сала во Основното Училиште „Лирија”.

Оваа сала ќе ја користат над 600 ученици кои ја следат наставата во централното училиште „Лирија”, но истовремено е долгогодишна желба и на младите во Горно Јаболчиште”, изјави Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи го искажа неговото задоволство од динамиката на реализација на проектот, која ветува модерна сала во текот на наредната учебна година.

„Преку овие проекти ние ја јакнеме локалната инфраструктура во образовниот процес и задоволен сум кога ја гледам динамиката на реализација на оваа спортска сала. Прогресот на изградбата значи дека во текот на наредната учебна година, учениците од ова училиште предметот физичко образование ќе го следат во модерна сала со современи услови”, изјави Битиќи и додаде дека целта на ТАВ проектите е токму ова, да влијаеме на квалитетот на животот преку изградба на инфраструктурни проекти што ќе овозможат подобар живот на граѓаните низ целата држава.

Вицепремиерот Битиќи информираше дека до денес имаме 70% реализација на започнатите проекти од ТАВ програмата, поточно завршени се 56 проекти, во 56 општини низ државата, а тековно се работи на 25 проекти.

Горан Стојановски, градоначалник на Општина Чашка упати голема благодарност до Владата на Република Северна Македонија која им излезе во пресрет по нивното барање за изградба на спортска сала во Горно Јаболчиште, бидејќи со ова, желбата на граѓаните и младите од село Горно Јаболчиште станува реалност.

„Општина Чашка во изминатиот период со поддршка на Владата има направено две спортски сали, ова е трета, и ми претставува особена чест што над 600 ученици од основното училиште и уште толку млада популација наскоро ќе можат да ја користат оваа спортска сала, што е желба на сите млади од ова населено место”, изјави градоначалник на Општина Чашка, Горан Стојановски.