„Бионтек“ со раст на нето добивката од 40 отсто


Германскиот фармацевтски концерн „Бионтек“ (BioNTech) остварил 5,37 милијарди евра нето добивка во првата половина од оваа година, што е за 37,2 отсто повеќе отколку во првата половина од минатата година, објави компанијата, која заедно со „Фајзер“ (Pfizer) разви една од првите вакцини против Ковид. 

Компанијата уште еднаш ја потврди целогодишната прогноза за продажба на вакцината против Ковид-19 за 2022 година во износ од 13 до 17 милијарди евра.

„Бионтек“, исто така, објави дека ќе започне со клинички испитувања овој месец на вакцина прилагодена на две омикронски подваријанти. Доколку надлежните органи ја одобрат вакцината, првите дози би можеле да се добијат во октомври, објаснуваат оттаму.