Бионтек ќе гради фабрика за вакцини во Африка


Германија – Германската компанија Бионтек, која разви вакцина против коронавирус со американскиот фармацевтски гигант Фајзер, денеска соопшти дека следната година планира да почне со изградба на фабрика за вакцини во Африка.

Не е познато ќе се наоѓа објектот, но Бионтек соопшти дека работи со властите во Руанда и Сенегал и планира да почне со изградба „во средината на 2022 година“.

Првично, фабриката ќе има капацитет да произведува околу 50 милиони дози вакцини годишно, соопшти германската компанија.